Од денеска се замрзнуваат цените на тоалетната хартија, хигиенските влошки, влажните марамчиња и пелените за деца и возрасни.
Одлуката беше донесена минатата недела, а ќе биде во сила од 1 април до 31 мај 2023 година, како што најави министерот за економија Крешник Бектеши.
Намалувањето ќе биде 13 отсто од цените кои ги имале тоалетната хартија, влажните марамчиња, пелените за деца и возрасни (дајперси) и хигиенските влошки во трговијата на мало на 20 март годинава.
Видете и ова: Замрзнување на цените, ама не на товар на земјоделцитеВладата ја донесе оваа Одлука по предлог на Министерството за економија, согласно направените анализи и податоците од Царинската управа, изјави Бектеши.
Претходно, со одлука на Владата, беа замрзнати и цените на тестенините и млечните производи кои се намалени за 15, односно за 10 проценти, како и цените на јајцата и оризот кои останаа на нивото од 15-ти овој месец.
Цената на белиот и на полубелиот леб од 450 грама е замрзната на 33 денари.