Во поголемиот дел од Германија на 27 март запреа возовите, авионите и јавните транспортни системи откако синдикатите свикаа на голем еднодневен штрајк поради платите.
Дваесет и четири часовниот штрајк се одрази и на товарниот транспорт преку железница и бродови, бидејќи работниците и од овие сектори се приклучија на штрајкот. Многу патници се одлучија да користат автомобили, со што предизвикаа гужви на патиштата и задоцнувања, а оние кои можеа останаа да работат од дома.
Синдикатите бараат зголемување на платите за минимум 10,5 отсто и ги отфрлија понудите на работодавачите за 5 отсто во две фази плус еднократни исплати.
Видете и ова:
Поевтино е да увеземе 100 политичари отколку 10 илјади работнициВисоката инфлација, забележана и на други места минатата година, тешко ги погоди работниците, рече Улрих Силбербах од Федерацијата за државни служби.
Работничките штрајкови се редовна појава во Германија и обично завршуваат со компромисен договор меѓу синдикатите и работодавачите.