Бајден -Достапна е федералната помош за областите погодени од смртоносното торнадо

Американскиот претседател Џо Бајден на 26 март издаде итна декларација за Мисисипи, со што федералното финансирање е достапно за областите најтешко погодени од смртоносното торнадо што ги погоди најсиромашните делови на САД, при што загинаа најмалку 25 луѓе, а десетици се повредени.

Федералните фондови на САД се наменети за субвенции за привремено сместување и поправки, како и за поволни заеми за покривање на загубите на неосигурен имот.

Невремето на 24 март кое траеше еден час погоди неколку градови. Екипите за пребарување и опоравување на 26 март ја продолжија застрашувачката задача да копаат низ остатоците од срамнети со земја и уништени домови, комерцијални згради и општински канцеларии откако стотици луѓе беа раселени.

Видете и ова: Вонредна состојба во Мисисипи

Невремето беше проследено и со град со големина на тениско топче и се прошири низ јужниот дел на САД со ветрови кои се движеа со брзина од 113 километри на час.

Видете и ова: При силно торнадо во Мисисипи и Алабама загинаа најмалку 20 луѓе


Десетици луѓе се повредени во торнадото кое ги погоди сојузните држави во ноќта меѓу петокот и саботата, а стотици се во привремено сместување.

Властите во Мисисипи прогласија вонредна состојба. Малиот град Ролинг Форк е уништен во торнадото кое достигна брзина од 320 километри на час. Метеоролозите предупредија дека и денеска се очекува силно невреме на југот на САД.