Вонредна состојба во Мисисипи

Ураган

Спасувачката операција и потрагата по жртвите од торнадото во јужните американски држави Алабама и Мисисипи, во кое загинаа најмалку 26 лица, продолжува денеска. Невремето беше проследено и со град со големина на тениско топче и се прошири низ јужниот дел на САД со ветрови кои се движеа со брзина од 113 километри на час.

Десетици луѓе се повредени во торнадото кое ги погоди сојузните држави во ноќта меѓу петокот и саботата, а стотици се во привремено сместување.

Видете и ова: При силно торнадо во Мисисипи и Алабама загинаа најмалку 20 луѓе


Властите во Мисисипи прогласија вонредна состојба. Малиот град Ролинг Форк е уништен во торнадото кое достигна брзина од 320 километри на час. Метеоролозите предупредија дека и денеска се очекува силно невреме на југот на САД