Денеска не очекува сончево време претпладне со услови за краткотраен дожд во попладневните часови. Во текот на денот ќе дува засилен ветер од југозападен правец кој кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен што ќе услови значително заладување.
На планините и на некои повисоки места врнежите ќе преминат во слаб снег. Во Скопје променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од југозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 17 до 22 степен.