Папата го ажурираше законот за одговорност за прикривање на сексуална злоупотреба

Pope Francis holds weekly general audience at the Vatican

Папата Франциск на 25 март го ажурираше црковниот закон од 2019 година, чија цел е да ги повика високите црковни лица на одговорност за прикривање случаи на сексуална злоупотреба, проширувајќи го за да ги опфати католичките водачи и потврдувајќи дека и возрасни, а не само децата можат да бидат жртви на злоупотреба.

Френциск донесе измени во одредбите кои беа утврдени во 2019 година во момент на криза за Ватикан и католичката хиерархија.

Новите правила се во согласност и со другите промени во справувањето со злоупотребата од страна на Католичката црква кои беа издадени во изминатите четири години и се проширени за да ги опфатат водачите на здруженијата одобрени од Ватикан, а не само свештеници.

Но, имплементацијата беше нерамномерна, а жртвите го критикуваа Ватикан за континуиран недостаток на транспарентност за случаите. Нивните застапници денеска изјавија дека е неопходен целосен ремонт, а не само малите измени.

Видете и ова: Папата Франциск вети крај на сексуалните злоупотреби и заташкувања од католичките свештеници

„На католичкиот народ му беше ветено дека (законот) ќе биде „револуционерен“, пресуден настан за повикување на одговорност од бискупите. Но, за четири години, не видовме значајно чистење на домот, ниту една драматична промена“, рече Ен Барет Дојл, ко-директор на BishopAccountability.org. Ова е организација која работи на истражување и според нивната методологија идентификуваше 40 епископи за кои постои сомневања.