Ноќта помеѓу сабота и недела (25/26. 03.) стрелките на часовникот треба да се поместат еден час нанапред – во 2 часот, ќе се смета дека е 3 часот. Во речиси сите земји на Европа со тоа настапува летно сметање на времето.
Кај многу современи уреди, вклучувајќи ги паметните телефони, таблетите, компјутерите, прилагодувањето на времето се случува автоматски.
Летното сметање на времето ќе важи до 29 октомври, во 3 часот, кога ќе се врати зимското сметање.
Видете и ова: Владата анализира дали летното сметање на времето ќе донесе заштеда на струјаПромената во летно или зимско сметање на времето, воведена првично во 1980 година заради заштеда на енергија, е спорна одамна. Се тврди дека заштедата на енергија е маргинална, а промената е неомилена кај луѓето.
Европската Унија и другите земји во Европа во 2002 г. одредија дека почетокот на летното сметање на времето е во последниот ден недела од март и трае до последниот ден недела од октомври.
При последното преминување на зимско сметање, во октомври 2022 г., Владата на Северна Македонија побара анализа од Министерството за економија за тоа дали евентуално останување на летното сметање може да значи заштеда на енергија, со оглед на најавите за енергетски тешка зима. Анализата го покажа спротивното, така што ноќта меѓу 29 и 30 октомври граѓаните во земјава, според воспоставената практика, ги поместија стрелките на часовниците за еден час наназад.