Ковачевски веднаш ќе бара одговор од МНР за неемитувањето на МТВ во Бугарија

Зградата на МТВ

Премиерот Димитар Ковачевски ќе бара информација од Министерството за надворешни работи, за тоа зошто програмата на македонската национална телевизија (МТВ) не се емитува во Бугарија, иако во земјава се емитува Бугарската национална телевизија (БНТ).

„Веднаш ќе ги контактираме Министерството за надворешни работи и нормално македонската телевизија, која што треба да зрачи и штом ќе достават официјален одговор, како и одговор од бугарските официјални институции тогаш ќе го споделиме со вас“, изјави Ковачевски.

Видете и ова: МРТВ не се емитува во Бугарија како што е договорено

Според Договорот за пријателство со Бугарија, националните телевизиски канали треба да емитуваат програма како во Македонија, така и во Бугарија. Тоа засега не е случај, бидејќи МТВ не се емитува во Бугарија.

За проблемот уште пред една година пишуваше РСЕ, откако во заклучок на Програмскиот совет на МРТВ, слабиот интернет сигнал се наведува меѓу причините за неемитувањето на макеодонската телевизија во бугарскиот етер.

Бугарската национална телевизија од 1 март лани ја емитува Македонски Телеком во нивната пакет понуда.