Само 169 лица од Македонија пријавени за гласање на бугарските избори

Илустративна фотографија/Избори во Бугарија, 2.10.2022 година

На предвремените парламентарни избори во Бугарија што ќе се одржат на 2 април, за гласање се пријавиле само 169 лица од Северна Македонија. Бројката ја објави бугарското Министерство за надворешни работи, при што најмногу пријавени имало во Кавадарци 42, Прилеп 41 и Тетово 40.

Инаку, според резултатите од последниот попис на населението во Македонија, во 2021 година, како Бугари се имаат изјаснето 3.504 лица.

Видете и ова:

Радев - На 2 април предвремени парламентарни избори во Бугарија

Инаку, бугарската Централна изборна комисија соопшти дека вкупно се пријавиле 47.389 лица кои ќе можат да гласаат во амбасадите и конзулатите на Бугарија во странство. Најголем број пријавени има во Турција - 28.286, Велика Британија - 3.343 и Германија 3.289.

Најавените избори ќе бидат петти по ред парламентарни избори во две години, откако по последните избори ниту една пратеничка листа не успеа да формира влада.