Петмина мртви, од кои три деца, во напад во дом на американски војник

Илустрација

Поранешен војник застрела и уби активен припадник на американската војска и три деца во дом во Јужна Каролина пред да се застрела, соопштија денеска официјални лица.

Двајца американски официјални лица потврдија дека станува збор за воени лица.

Видете и ова: За два месеца од огнено оружје во САД загинале над 6000 лица

Полицијата соопшти дека се пронајдени телата на три деца и двајца мажи, а се претпоставува дека едниот од нив е убиецот.

Истрагата е во тек, а неофицијално има сведоци кои раскажале што се случило.

Идентитетот на жртвите не е соопштен.