Американскиот технолошки гигант Амазон објави дека отпушта уште 9 000 работници.
Со оваа одлука бројот на луѓе кои останаа без работа во изминатите неколку месеци го зголеми на околу 27 000.
Во известувањето до работниците објавено на интернет, извршниот директор на Амазон, Енди Џеси наведува дека одлуката е донесена по анализа на приоритетите и поради неизвесноста на економијата.
Видете и ова:
Компанијата Мета отпушта 11 000 вработениПретходните отпуштања беа фокусирани на комерцијалниот дел на Интернет и бизнисот со уредите и човечките ресурси, а сега компанијата ќе ги елиминира работните места во веб-сервисот на Амазон, рекламирањето и деловите за стриминг Твич.
Бројни технолошки гиганти, како Мајкрософт, Алфабет и Мета отпуштија илјадници работници во изминатите неколку месеци. Џејси истакнува дека компанијата вработила значителен број вработени во последните неколку години, но дека неизвесноста на економијата ги принудува да ги намалат трошоците и да отпуштаат работници.