Лидерот на ДУИ Али Ахмети оцени дека договорот меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти е значајна и долго очекувана вест која придонесува за мирот во регионот.
„Страните ја изразија долго очекуваната јавна согласност околу имплементациониот план за нормализација на меѓусебните односи, што е одлична и долгоочекувана вест која допринесува кон мирот, стабилноста и безбедноста во регионот“, истакна Ахмети.
Според него, дијалогот Белград – Приштина ги надминува билатералните димензии и „неговата успешна имплементација со епилог обострано признавање ја одредува европската ориентација на регионот и единството на Косово“.
Видете и ова:
Договорот меѓу Косово и Србија отвора нова ера на мир во регионотВучиќ и Курти разговараа во Вилата Билјана во Охрид во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина за нормализација на односите, што се одржува по покровителство на ЕУ. Домаќин на средбата беше македонскиот премиер Димитар Ковачевски.
На разговорите присуствуваа и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и специјалниот пратеник на Унијата за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.
Вчерашните разговори беа продолжение на дискусијата од 27 февруари во Брисел на која беше договорен текстот на првичниот план за нормализација на односите меѓу двете земји.