Најмалку 19 лица загинаа денеска, а 12 се тешко повредени во сообраќајна несреќа во Бангладеш, соопшти локалната полиција.
Возачот на автобус ја изгубил контролата врз возилото, по што автобусот ја пробил заштитната ограда на неодамна изграден автопат и паднал 9 метри во канал.
Видете и ова: Најмалку 15 загинати и над 100 повредени при експлозија во БангладешНесреќата со случила во Шибчар, на југот на земјата, а сите повредени се пренесени во болница во главниот град Дака, рече шефот на локалната полиција Масуд Алам.
Сообраќајните несреќи се чести во Бангладеш поради лошо одржуваните возила и патишта, но и поради недоволната обука на возачите.