Затворска казна од 18 години за велешанецот што усмрти 11-годишно девојче на пешачки

Илустративна фотографија

Велешкиот суд му изрече единствена казна од 18 години затвор на велешанецот Ангелче Николов, кој лани во декември на пешачки премин удри 11-годишно девојче кое почина на самото место.

Од судот сметаат дека осудениот може да го повтори делото, поради што му ја продолжија мерката притвор се до спроведување на казната затвор.

Видете и ова: Улиците стануваат опасни по живот

Николов на 17 декември во 22:10 часот со голема брзина од 68 километри на час и под дејство на алкохол го удри на пешачки 11-годишното девојче, а нејзината мајка тешко ја повреди. Тој не застанал да им укаже помош, туку побегнал со голема брзина и два дена се криел од полицијата пред самиот да се пријави.

Судијката Габриела Гајдова, денеска изрекувајќи ја казната, потенцираше дека иако на првото рочиште Николов ја призна вината во текот на целата истражна постапка, тој не искажал вистинско каење и жалење за загубениот живот.

Како што појасни судијката, при одмерување на казната судот ги ценел како отежнителните така и олеснителните околности за обвинетиот.