Судири со демонстранти при обид на полицијата да го уапси пакистанскиот екс-премиер Имран Кан

Судир на пакистанската полиција со демонстранти поддржувачи на поранешниот пакистански премиер Имран Кан

Нови судири се случија меѓу пакистанската полиција и приврзаниците на поранешниот пакистански лидер Имран Кан додека безбедносните сили веќе втор ден се обидуваа да го привеадат Кан во неговата резиденција во североисточниот град Лахоре.

Над 50 полицајци и десетина демонстранти се повредени при судирите кои од започнаа вчера и се уште траат. Голем дел од повредените се примени во болница на лекување, јавуваат локалните медиуми.

Судирите започнаа на 14 март, кога следбениците на политичката партија на Кан, Пакистан Техрик-е Инсаф (ПТИ), се собраа пред резиденцијата на Кан во Лахоре, откако полицијата пристигна да го уапси Кан во случај со мито преку државни подароци.

Од неговото соборување минатиот април со гласање недоверба во парламентот, Кан постојано ги игнорираше налозите за апсење и судските покани во низа случаи против него, тврдејќи дека тие се заговор на владата предводена од неговиот наследник, премиерот Шехбаз Шариф.

Видете и ова: Пакистанската полиција не успеа да го уапси поранешниот премиер Имран Кан

Шариф изјави за пакистанската телевизија Гео на 14 март дека апсењето на Кан било наредено од суд и не било политичко.

Министерката за внатрешни работи Рана Санаулах изјави на собирот што се емитуваше во живо на локалната телевизија дека полицијата ќе го уапси Кан и ќе го претстави на суд.

Од друга страна пак, но помошникот на Кан, Шах Мехмуд Куреши, им рече на новинарите дека поранешниот премиер обезбедил „заштитна кауција“ од судот и затоа полицијата не можела да го уапси.

Два суда во Исламабад на 13 март издадоа налози за апсење на Кан поради неговото непојавување пред судии во случај со обвинувања дека Кан ги сокрил деталите од подароците добиени додека бил премиер во изјавите за имотна состојба и во случајот за тероризам. Окружниот суд и наложија на полицијата да го уапси и да го претстави на суд до 18 март.

Кан ги повика своите поддржувачи да стигнат до неговата резиденција во Лахоре преку видео пораки и твитови. Тој ги повика своите поддржувачи „да ја продолжат борбата“.