Најмалку 10 Аганистанци загинаа, а осум се повредени во сообраќајна несреќа на 15 март во северната авганистанска провинција Тахар. Станува збор за вработени рудари кои патувале кон работа во рудникот за ископ на злато.
Локалната полиција соопшти дека пикапот што ги превезувал работниците до рудникот излетал од патот и се превртел во областа Анџир во областа Чах Аб. Според медицинските извештаи дел од повредените се во критична здравствена состојба.
Видете и ова: Еден загинат, пет ранети во експлозија на бомба во АвганистанПричината за несреќата не можеше веднаш да се утврди. Смртоносни сообраќајни несреќи се честа појава во Авганистан поради несовесното возење, лошите патишта и лошото одржување на возилата.