Седум оскари за филмот „Сè, секаде, одеднаш“

Екипата која доби оскар за најдобар филм „Сè што е насекаде одеднаш“ за време на ревијата на Оскарите на 95-тото доделување на Оскарите во Холивуд, Лос Анџелес, Калифорнија, САД, 12 март 2023 година.

Филмот „ Сè, секаде, одеднаш“ доминираше на овогодинешното доделување на наградите за најдобри филмски остварувања. Од 11 номинации, филмот доби седум оскари.

Даниел Кван и Даниел Шајнерт добија оскар за најдобра режија и најдобро оригинално сценарио, Мишел Јео го освои оскарот за најдобра женска улога.
Таа е и првата актерка со азиско потекло што добила оскар.

Ке Хуј Куан ја доби наградата за најдобра споредна машка улога во истиот филм.
Џејми Ли Кертис доби оскар, прв во нејзината кариера, за најдобра споредна женска улога, исто така за „Сè во исто време“.

Ова воедно беше и прва номинација за оскар за оваа актерка која кариерата ја започна пред 45 години со хорор филмот „Ноќ на вештерките“.

Џејми Ли Кертис

Ѕвездата на „Кит“ Брендан Фрејзер ја доби наградата за најдобар актер. Тој глумеше човек со прекумерна тежина кој се обидува повторно да се поврзе со својата ќерка.

Документарниот филм за рускиот опозициски политичар Алексеј Навални доби награда за најдобар документарен филм.

Германскиот „Сите се тивки на западниот фронт“ доби оскар за најдобар странски филм.

Мишел Јео го освои оскарот за најдобра женска улога.

Режисерот Гиљермо дел Торо освои оскар „Пинокио“ за најдобар анимиран филм. Ова му е трет оскар.

Оскар за визуелни ефекти доби „Аватар, патеката на водата“.

Овогодинешното 95-то доделување на Оскарите се емитуваше во живо на телевизијата Еј- Би Си, а на официјалниот канал на Јутуб се емитуваше со помош на преведувач на знаковен јазик. Академијата за филмски уметности и науки се надева дека овогодинешното емитување на наградите ќе ја зголеми гледаноста на ТВ, откако минатогодишниот пренос беше со многу ниска гледаност, втора најниска досега.