Белорускиот авторитарен владетел Александар Лукашенко, кој е во посета на Иран, на 13 март се сретна со претседателот на исламската република Ебрахим Раиси, објави државната новинска агенција БелТА.
Двајцата лидери потпишаа договор за билатерална соработка за следните три години, соопшти агенцијата.
Белорусија не е директен учесник во војната во Украина, но ѝ обезбеди логистичка поддршка на Русија за инвазијата, дозволувајќи им на руските сили да влезат во Украина преку белоруска територија.
Видете и ова: Лукашенко- Уапсени се украинско-руски државјани за нападот врз рускиот авионИран ги зајакна своите врски со руската војска, од почетокот на војната во февруари 2022 година. Иран испрати смртоносни беспилотни летала на руските трупи.