Средба Вучиќ – Лајчак во Белград

Архивска фотографија -Мирослав Лајчак, пратеник за дијалог меѓу Косово и Србија и српскиот претседател Александар Вучиќ, во Белград, 14 декември 2022 година.

Специјалниот претставник на Европската Унија за Западен Балкан Мирослав Лајчак денеска ја започнува посетата на Белград, како дел од подготовките за претстојната средба на лидерите на Србија и Косово во Охрид.

Посетата на Белград, доаѓа по минато неделната посета на Приштина.
Лајчак ќе се сретне со претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Лајчак и со српските власти ќе разговара за патоказот за имплементација на Спогодбата за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

За овој договор Вучиќ и Курти разговараа на средбата на 27 февруари во Брисел. На 9 март во Приштина Лајчак рече дека имал конструктивен и многу важен разговор со Курти за спроведувањето на Спогодбата и додаде дека средбата ги исполнила неговите очекувања и дека „добро разбира“ кои се очекувањата на Косово.

Видете и ова: Вучиќ: Јас нема да бидам тој што ќе ја потпише независноста на Косово

Минатата недела Вучиќ изјави дека Лајчак ќе остане во Белград до среда и информираше дека „ќе поминат два дена со него во обид да најдат начин за напредок за нормализација на односите“ меѓу двете страни.