Украина бара Германија да ја забрза испораката на муниција

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба ја повика Германија да ја забрза испораката на муниција за Украина.

Во изјава за германскиот весник Билд, Кулеба рекол дека смета дека „Германија навистина може да помогне повеќе со артилериска муниција“ и дека по состаноците што ги имал тој со германските производители на оружје, убеден е дека „проблемот е во владата“.

Видете и ова: Германија ќе испрати тенкови во Украина

Дополнително, украинскиот министер нагласил дека не очекува испорака на борбени авиони за Украина во блиска иднина, бидејќи тоа е „исклучително тешка задача од логистичка и техничка гледна точка“.

Германската помош за Украина, за финансиска и хуманитарна поддршка, како и за оружје, досега изнесува повеќе од 14 милијарди евра.