Владата на Индија се противи на признавањето на истополовите бракови. Откако неколку истополови двојки пред неколку месеци поднесоа иницијатива за признавање на истополовите бракови, владата побарала од судот да ги отфрли оспорувањата на сегашната правна рамка.
Министерството за правда верува дека иако може да има различни форми на односи во општеството, законското признавање на бракот важи за хетеросексуалните врски и дека државата има легитимен интерес да го одржува, се вели во образложението до судот, пренесува Ројтерс.
Постојниот закон е ограничен на признавање на „правниот однос на бракот меѓу маж и жена, претставени како маж и жена“. Најмалку четири истополови двојки пред неколку месеци побараа од судот да ги признае истополовите бракови, што ја постави основата за правна битка со владата на Индија.