Нападнат полицаец кој не бил на смена-пукал во воздух за да се одбрани

Илустративна фотографија

Повеќе напаѓачи со две возила попречиле пат на тројца скопјани меѓу кои полицаец кој не бил на смена и физички ги нападнале. Инцидентот се случил околу 1 часот по полноќ на улица Карпош во Скопје во близина на клучката за Радишани.

Видете и ова: Вооружени пресметки на бандите како на филм, истрагата е во тек

Како што соопшти МВР, напаѓачите го блокирале возилото во кое бил полицаецот, почнале да удираат по возилото и физички ги нападнале тројцата. Како предупредување полицаецот извадил пиштол и испукал во воздух неколку куршуми, по што поголемиот дел од напаѓачите избегале.

Мотивите не се познати. Од МВР велат дека дека двајца од напаѓачите се уапсени, а на нападнатите им е пружена лекарска помош на скопските клиники. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.