Над 28.000 доброволци во офанзивната гарда на Украина

Илустрација

Повеќе од 28.000 луѓе доброволно се пријавиле да служат во единиците на офанзивната гарда на Украина и тие се сега речиси целосно екипирани, изјави украинскиот министер за внатрешни работи, Ихор Клименко.

„Главно единиците се веќе формирани и денес регрутираме дополнителни доброволци за да имаме резерва во иднина“, рече Клименко.

Видете и ова: Ќе има ли правда за жртвите на воено сексуално насилство во Украина

Единиците на националната гарда, кои се очекува да бидат користени во офанзивата против инвазивните руски сили, во моментов се обучуваат, додаде Клименко.

Во меѓувреме, украинската војска соопшти дека руските сили продолжуваат да ја притискаат својата офанзива во областа околу градотБахмут во украинскиот регион Доњецк.

Украина објави генерална мобилизација на 24.02.2022 година како одговор на руската инвазија која почна тој ден.