Премиерката на Финска, Сана Марин е подготвена да разговара за обезбедување борбени авиони од американско производство за Украина, пренесуваат финските медиуми.
Марин, која беше во посета на Киев на 10 март, рече дека Хелсинки планира да купи 64 модерни авиони ловци Ф-35А за замена на 62 авиони Хорнет, кои може да и бидат доставени на Украина, рече Марин, иако истакна дека дискусиите се во прелиминарна фаза.
Видете и ова: Финскиот парламент одобри влегување во НАТОУкраина со месеци бара модерни борбени авиони од своите сојузници. За време на разговорите во Париз на 8 февруари, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика Франција и Германија да обезбедат авиони „што е можно поскоро“ додека Украина се справува со руската офанзива во источниот регион Доњецк.