Временска прогноза - Променливо облачно

Облачно време

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Видете и ова: 2022 била најтопла година во Шпанија, откако почнале мерењата на температурата

Во недела ќе дува засилен северен ветер што ќе услови опаѓање на температурата. Поради разведрувањето минималните температури во првите два дена од следната седмица на повеќе места ќе се спуштат под нула.