Неуставно е ограничувањето на изборот на претседател и негов заменик на Судскиотсовет само од членови избрани од Собранието, одлучи денеска Уставниот суд. На денешната седница е укината законската одредба со која останатите членови на Советот со право на глас се исклучени, односно го укина ставот од членот 8 во Законот за Совет во дело „кои се избрани од страна на Собранието на Република Северна Македонија“.
Според толкувањето на Уставниот суд овој наведен член од законот е спротивен со владеењето на правото и поделбата на државната власт.
Видете и ова: Уставниот суд ја затвори градежната „пандорина кутија“ на ВодноДополнително на седницата уставните судии донесоа уште една одлука која се однесува на урбанистичкото планирање. Поништена е одлуката на општината Куманово со која се овозможува градење на згради надвор од централното градско подрачје.
Имено, Уставниот суд оцени дека со Одлуката директно се влијае на веќе започнатите постапки за добивање на одобрение за градење и се наметнува обврска на граѓаните кои имаат започнати постапки, а не добиле потврда за заверка на проектната документација, повторно од почеток да ја почнат постапката.
Уставниот суд смета дека ова води кон правна несигурност, а граѓаните се соочуваат со тешко отстранливи последици.