Ајатолахот Али Хамнеи – Труењата во женските училишта се непростлив криминал

Иран - Ученичка од Ардабил во болница поради сомнително труење

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи го осуди бранот сомнителни труења на девојчиња во десетици училишта, како „непростлив криминал“.

„Сторителите на ова злосторство мора да бидат сериозно казнети. Нема да има амнестија за такви луѓе“, рече денеска ајатолахот Али Хаменеи, пренесе ДПА повикувајќи се на државните ирански медиуми.

Ова беше првпат Хаменеи, кој го има последниот збор во сите големи државни работи, да го коментира труењето што ги загрижува родителите низ целата земја.

Првите случаи на мистериозни заболувања беа пријавени во ноември. Оттогаш, стотици ученички биле лекувани во болници низ целата земја.

Речиси исклучиво биле погодени училишта за девојчиња. Родителите и роднините се лути особено затоа што сè уште нема официјално објаснување.

Видете и ова:

Се зголемува бројот на случаи на масовното труење кај ученички во Иран


Владата на Иран верува дека девојчињата се намерно отруени, можеби од групи кои се спротивставуваат на образованието на девојчињата.

Лекарите сугерираат дека некој вид токсичен гас може да биде извор на нападите.