Четири мали деца загинаа во пожар во Нови Пазар, родителите повредени

Илустрација.

Четири деца на возраст од шест месеци до три години загинаа, а нивните родители се повредени во пожар кој утринава изби во нивниот стан во станбена зграда во Нови Пазар, во југозападна Србија. Настрадале тригодишни близнаци, двегодишно дете и шестмесечно бебе.

Српските медиуми, повикувајќи се на неофицијални извори, објавија дека децата биле во една соба во станот и оти се верува дека се задушиле од чадот.

Пожарникари и брза помош дошле веднаш, но можеле само да констатираат смрт кај децата.

Видете и ова: Еден уапсен за железничката несреќата во Грција со најмалку 36 загинати


Таткото, Египќанец, се обидел да влезе во нивната соба преку терасата за да ги спаси, но не успеал. Тој има изгореници од втор, трет и четврти степен на 45 отсто од телото. Мајката Бошњачка има изгореници од втор и трет степен на 18 отсто од телото. Двајцата се тешко повредени и се на интензивна нега.

Мнозинското население во Нови Пазар е бошњачко.