Османи уверува - Ќе доминираат аргументите „за“ за уставни измени

Бујар Османи, министер за надворешни работи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека ќе мора да се постигне надпартиски консензус за уставните измени, од кои зависи европскиот пат на земјата.

Тој вели дека треба да се остават интересите на дневната политика, да се седне и да се анализираат сите аспекти против и на „за“ измени со кои Бугарите треба да се внесат во македонскиот Устав.

„Ве уверувам дека и на експертско и на политичко ниво, и на било кое друго ниво, ќе доминираат аргументите „за“ за уставните измени бидејќи тие се во наш интерес“, вели Османи во интервју за порталот „рацин.мк“

Внесувањето на бугарското малцинство во Уставот, кое се бара за да може Македонија да започне да отвора поглавја во процесот за пристапување кон Европската унија е важно од два аспекти, вели Османи.

Тоа, прво ќе даде како ќе се одобри односите меѓу Македонија и Бугарија односно промената на овој највисок постават македонско-бугарските односи долгорочно во иднина, а втората причина е што решавањето на ова прашање на ваков начин, е важно за да продолжи процесот на преговори за членство во Европската унија.

Видете и ова: Зошто мнозинството е против внесувањето на Бугарите во Уставот?

Но власта го нема потребното двотретинско мнозинство за да ги внесе Бугарите во Уставот. И истражувањата на јавното мислење покажуваат дека дури 80 проценти од етничките Македонци се противат на уставните измени. Истражувањето на Институтот за демократија и Конрад Аденауер објавено на 1 март, за поддршката на граѓаните на процесот на евроинтеграции, покажува дека е висок процентот на приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ кои се против уставните измени - 89 отсто, што е став и на раководството на партијата. Ново е што и кај СДСМ, партијата на власт – 59 отсто се изјасниле против, а 39 отсто би проддржале внесување на Бугарите во Уставот.