Меѓународниот детски фонд за итни случаи на Обединетите нации (УНИЦЕФ) понуди помош на Иран во отркивањето на причините за мистериозното труење кај повеќе ученички низ земјата.
Првото труење било пријавено во ноември, кога во болница биле пренесени 18 ученички од градот Ком откако се пожалиле на симптоми како вртоглавица, гадење, главоболка, кашлица, отежнато дишење и болки во рацете и нозете. Оттогаш се појавиле повеќе од 100 вакви слични случаи, при што останува нејасно која е причината за труењето.
„Училиштето е безбедно засолниште за децата и тинејџерите да учат во безбедна и стимулативна средина. Ваквите настани може да имаат негативно влијание врз високото ниво на образование на децата, особено на девојчињата, што е постигнато во последните децении“, објави иранското претставништве на УНИЦЕФ на Твитер.
„УНИЦЕФ е подготвен да обезбеди секаква неопходна помош“, се додава во соопштението.
Членот на Комитетот за национална безбедност на иранскиот парламент, Шахријар Хејдари, рече дека од 1 март, речиси 900 ученички добиле вакви симптоми во различни делови од земјата. Претседателот Ебрахим Раиси најави истрага.
Бавниот одговор на властите поттикна обвинувања и шпекулации дека владата намерно ги „труела“ ученичките, кои беа во првите редови на неодамнешните антивладини протести, кои се најголемата закана за естаблишментот на Иран од револуцијата во 1979 година.