Белорускиот нобеловец Бјалјатски осуден на 10 години затвор

Добитникот на Нобеловата награда за мир Алес Бјалјатски, на судско рочиште во Минск.

Судот во Минск го осуди белорускиот добитник на Нобеловата награда за мир, Алес Бјалјатски на 10 години затвор за „незаконски активности и финансирање“ на организацијата за човекови права „Вјасна“, чиј претесадател е тој, јави новинската агенција ТАСС.

За време на судењето, Бјалјатски пред судот во Минск рече дека тој е невин и дека случајот против него е политички мотивиран од самиот почеток, со цел да се затворат бранителите на човековите права на „Вјасна“ по секоја цена и да се уништи организацијата.

Видете и ова: Во Белорусија почнува судење на бранителот на правата добитник на Нобеловата награда

Додаде дека ситуацијата во земјата од спорните претседателски избори во август 2020 година била проследена со масовно задушување на неистомислениците, бранителите на правата, новинарите и демократските институции останале драматични.

На Белорусија „и треба широк граѓански дијалог насочен кон национално помирување“, рече тој.

Бјалјатски, кој цел живот се бореше за демократија и човекови права во својата татковина, ја доби Нобеловата награда за мир за 2022 година, заедно со организацијата за човекови права на Украинскиот центар за граѓански слободи и руската ораганизација за човекови права „Меморијал“. Тој е основач на Центарот за човекови права „Вјасна“.