Ердоган не го помести датумот за избори поради земјотресот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на 1 март изјави дека претседателските и парламентарните избори во земјата ќе се одржат на 14 мај, како што и било предвидено, што е малку повеќе од три месеци по разорниот земјотрес во кој загинаа повеќе од 45 луѓе во Турција.

„Оваа нација ќе направи што е потребно на 14 мај“, рече Ердоган во говорот пред претставниците на неговата Партија на правдата и развојот.

Тоа е датумот за кој претходно зборуваше Ердоган и не го помести поради земјотресот.

Осудувајќи ги тие кои ја критикуваа неговата Влада за лошото владеење по земјотресот на 6 февруари, Ердоган рече: „Ќе им дадеме соодветен одговор на 14 мај“.

Поради земјотресите што ги потресоа Турција и Сирија на 6 февруари, имаше спротивставени сигнали за времето на одржување на претседателските и парламентарните избори, а имаше и сугестии тие да бидат одложени и одржани подоцна во текот на годината.

Видете и ова: СЗО ѝ вети поддршка на Турција за земјотресите

Популарноста на Ердоган почна да опаѓа уште пред катастрофата поради зголемените трошоци за живот и падот на вредноста на турската лира.

Оттогаш, турскиот претседател исто така се соочи со бран критики поради одговорот на неговата влада на најсмртоносниот земјотрес во модерната историја на земјата.

Ердоган, со цел да го продолжи своето владеење и на трета деценија, претходно рече дека гласањето треба да се одржи во мај за да се избегнат јунските празници.