Во дел маркети нема леб по замрзната цена

Во дел од маркетите утринава нема бел и полубел леб откако Владата ја замрзна цената на лебот на 33 денари.

Во дел од маркетите утрото на 1 март нема бел и полубел леб со што пекарите ја реализираа најавата дека нема да произведуваат леб доколку Владата донесе одлука за замрзнување на цената на 33 денари за леб од 450 грама.

Владата на 28 февруари донесе одлуката да се замрзне цената на лебот, а се укинува и повластената цена на струја за прехранбената индустрија.

Владата се одлучи на ваков чекор откако анализите на Министерството за економија и инспекциските служби покажаа дека има злоупотреби, односно и покрај субвенционираната струја компаниите не ја намалиле цената не лебот.

Видете и ова: Лебот „замрзнат“, компаниите без повластена струја

По објавата за замрзнување на цената на лебот, од пекарската индустрија вчера изјавија дека прво ќе чекаат одлуката да биде објавена во Службен весник.