Дојави за бомби во 39 скопски училишта

Полиција пред скопската гимназија Јосип Броз поради дојава за бомба, Скопје.

Полицијата спроведува антитерористички проверки и преземаат мерки за расчистување на случаите, откако денеска до 10.00 часот во Министерството за внатрешни работи било пријавено дека на електронските адреси на 21 средно и 18 основни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа.

Во изминатите денови секојдневно има нови дојави за бомби во училиштата, но и во други институции, приватни станбени згради, трговски центри, музеи...

Видете и ова: Онлајн настава заради дојавите за бомби - решение или уште поголем проблем?

Дојави за поставени бомби уште во октомври почнаа да стигаат на електронските адреси прво на училишта, а потоа и на други објекти. Властите велат дека испраќачите тешко се откриваат, се работи за хибридна војна, а ова е начин за сеење страв кај населението.