Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа призна дека ситуацијата околу Бахмут, на истокот на земјата, се влошува.
„Ситуацијата станува сè посложена“, рече тој во редовното дневно обраќање до сонародниците.
„Непријателот систематски уништува сè што може да се искористи за заштита на нашите позиции“, додаде тој, нарекувајќи ги украинските војници кои учествуваат во таа битка „вистински херои“.
Зеленски повторно ги повика западните сојузници на Киев да ја снабдат Украина со воени авиони кои ќе им овозможат на украинските сили да ја бранат целата земја од „рускиот терор“.
Руските сили од минатото лето се обидуваат да го заземат Бахмут, чија стратешка важност е спорна, но која стана симбол на борбата за контрола на Донбас, во источна Украина.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
НАТО воздушни патроли на границата на Романија со Украина
Водачот на проруските сепаратисти во регионот Доњецк (источна Украина), Денис Пушилин, вчера на руската телевизија изјави дека сите пристапни патишта до Бахмут се „во досегот на оружјето“ на проруските сили.
Руските сили со недели се обидуваа да го опколат Бахмут и успеаја да отсечат неколку главни патишта за снабдување на украинската армија.