Затаен данок во вредност од 15 милиони евра во Грција

Илустрација

Затаен данок во вредност од над 15 милиони евра, открила грчката управа за јавни приходи. Според информациите кои ги објави грчката новинска агенција АНА-МПА затајувањето на данокот било забележано во 11 различни бизнис секотори во Атина, Солун, Лариса, Патра, Крит

Најчесто компаниите не поднесувале даночни пријави, поднесувале неточни пријави или не ја пријавиле својата деловна активност.

Видете и ова: Најмалиот милионер во 2021 имал осум, најстариот 96 години


Затајувањето било откриено во фирми во цела Грција што се занимаваат со медицински услуги, телекомуникации, паркинг услуги, фитнес центри, кафулиња итн.

Затајувањето данок се однесува на период и од неколку година, кај некои компании од 2016 до 2020 година, соопшти грчкиот УЈП.