Пекарите се заканија -Утре може да нема леб

Леб во маркет во Скопје

Пекарската индустрија денеска се закани дека нема да произведува леб доколку Владата ја донесе мерката за замрзнување на цената на лебот на 33 денари.

„Ако Владата ја донесе мерката за ограничување на цената на лебот, од следниот ден нема да има леб на пазарот“, изјави претседателот на Групацијата за мелничко-пекарската индустрија Горан Малишиќ по состанокот во Стопанската комора на Северна Македонија.

Реакцијата доаѓа откако викендов министерот за економија Крешник Бектеши најави дека од 1 март ќе биде замрзната цената на лебот на 33 денари.

Видете и ова: Од вторник леб за 33 денари

Мерката е на предлог на Министерството за економија поради тоа што анализите покажале дека голем дел од компаниите за прехранбени производи кои добиваа субвенционирана струја, не ги намалиле цените на производите и по три месеци.