Нов силен земјотрес во Турција

Рушевини по земјотресот во Турција, февруари 2023 година.

Земјотрес со магнитуда од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди претпаднево Турција. Потресот се случил во 10 часот, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од пет километри, на 11 километри јужно од градот Малатија.

Засега нема информации за штети и повредени. Земјотресот бил почувствуван и во околните провинции.

Видете и ова: Нов силен земјотрес во Турција


Турција и Сирија на 6 февруари беа погодени со силен земјотрес, во кој само во Турција загинаа повеќе од 44 илјади луѓе. По тој земјотрес следеа илјадници послаби потреси на турското тло. Жртви имаше и во земјотресот што ја погоди земјата на 20 февруари.