Перу го отповика својот амбасадор во Мексико

Поранешниот перуански претседател Педро Кастиљо

Перу го отповика својот амбасадор од Мексико на неодредено време, откако мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор ја прогласи владата на Перу за „неуставна“. Обрадор, рече дека поранешниот перуански претседател Педро Кастиљо е „нелегално соборен од власт“.

Перуанската претседателка Дина Болуарте го осуди, како што рече, „неприфатливото“ мешање во „внатрешните работи“ на земјата. Таа додаде дека изјавите сериозно ќе влијаат на односите со Мексико, обвинувајќи го нејзиниот мексикански колега дека го поддржува „обидот за државен удар на (поранешниот претседател) Педро Кастиљо.

Видете и ова: Затворен археолошкиот локалитет Мачу Пикчу поради немирите во Перу

„Лопез одлучи сериозно да влијае на двесте години меѓусебно почитување, пријателство, соработка и желба за интеграција кои историски ги обединија Перу и Мексико“, рече Болуарте.

Отповикувањето на амбасадорот е два месеца откако на амбасадорот на Мексико во Перу му беше врачен демарш кога Мексико му даде политички азил на семејството на Кастиљо.