Земјотрес со јачина 6, 5 степени во Папуа Нова Гвинеја

илустрација

Земјотрес со интензитет од 6,5 степени е регистриран денеска во провинцијата Нова Британија во Папуа Нова Гвинеја, соопшти Геофизичкиот институт на САД.

Земјотресот се случил на длабочина од 65 километри.

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил со интензитет од 6,2 степени. Епицентарот бил на 29 километри североисточно од Кандријан, град со околу 1.000 жители.

Нема извештаи за жртви или материјална штета. Не е издадено ниту предупредувања за цунами.