Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко од 28 февруари до 2 март ќе престојува во официјална посета на Кина, соопшти Кабинетот на претседателот на Белорусија.
Лукашенко ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг, а главни теми на разговор ќе бидат развојот на трговската, економската, инвестициската и хуманитарната соработка, реализацијата на заеднички проекти, соработката во политичката сфера и одговор на актуелните меѓународни предизвици.
Лукашенко е близок сојузник на Путин и ја поддржа руската инвазија на Украина, а Белорусија финансиски и политички зависи од својот сосед.
Кина е подготвена да работи со Белорусија за продлабочување на меѓусебната политичка доверба, му рекол кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг на својот белоруски колега Сергеј Алеиник за време на телефонскиот разговор во петокот, се вели во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи.
Видете и ова: Белорусија доби воена опрема од РусијаВо септември минатата година, Си и Лукашенко најавија стратешко партнерство „за сите времиња “ кога се сретнаа во главниот град на Узбекистан, Самарканд, како интензивирање на билатералните односи.
Кина, исто така, ќе продолжи да ја поддржува Белорусија во одржувањето на нејзината национална стабилност и ќе се спротивстави на обидите на „надворешните сили“ да се мешаат во нејзините внатрешни работи или да воведат „незаконски“ еднострани санкции кон Белорусија.
Пред една година, Белорусија, која ја дели границата со Украина и Русија и дозволи на Русија да ја користи нејзината територија за да ја нападне Украина. Лукашенко претходно овој месец изјави дека Белорусија е подготвена да го направи тоа повторно.
Киев со месеци изразува загриженост дека Белорусија би можела да се приклучи на војната на страната на Русија. Кина пак, потпиша „неограничено“ партнерство со блискиот сојузник на Белорусија Русија, непосредно пред нејзината инвазија на Украина пред една година.