Нов силен земјотрес во Турција

илустрација

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди централна Турција во саботата на 25 февруари, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, соопшти ЕМСЦ, а Ројтерс пренесува дека се случил во близина на Нигде.

Засега нема информации за човечки жртви и материјална штета.

Видете и ова: Нов силен земјотрес во турско-сирискиот пограничен регион

Управата за вонредни ситуации на Турција (АФАД) соопшти дека земјотресот се случил во 13 часот и 27 минути по локално време со епицентар во областа Бор и на длабочина од седум километри.

АФАД соопшти и дека денешниот земјотрес во провинцијата Нигде го третираат како посебен земјотрес кој не е поврзан со земјотресите во Кахраманмарас и Хатај.

Оттаму додаваат дека од 6 февруари досега на југот на Турција се регистрирани вкупно 9 136 земјотреси.

Бројот на загинати во разорните земјотреси што на 6 февруари ги погодија јужните региони на Турција со епицентар во Кахраманмарас се зголеми на 44 218.