Нова помош од САД за модернизација на македонската армија

Македонски војник на овена вежба во амрискиот полигон Криволак

Соединетите Американски Држави со нови 31 милион долари финансиска поддршка, продолжуваат да го поддржуваат процесот на модернизација и опремување на Армијата согласно највисоките стандарди на Алијансата, информираше Министерството за одбрана.

Овој финансиски пакет следи по минатогодишната поддршка за модернизација и опремување во вредност од 106 милиони долари, што е доказ, за силните одбранбени врски помеѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави како сојузници во НАТО, велат од Министерството.

Видете и ова: САД нема да ја остават Македонија на други играчи

Од почетокот на одбранбената соработка до 2022 година САД го поддржаа развојот на одбраната и Армијата со 160 милиони долари, а само во последната година Северна Македонија доби дополнителни 137 милиони долари американска поддршка.