Руски воен авион се урна во близина на границата со Украина

Руски борбен авион СУ-25. Архивска фотографија.

Руски воени авион СУ-25 се урна на 23 февруари во руската област Белгород во близина на границата со Украина, а пилотот загинал, соопшти руското Министерство за одбрана.

Причината за падот е „технички дефект“, според прелиминарните информации, јави агенцијата ТАСС, пренсувајќи го соопштението на Министерството.

„Авионот на Министерството за одбрана се урна во областа Валујски. Сега на самото место работи истражен тим и вработени во Министерството за вонредни состојби“, објави на Телеграм гувернерот на Белгород, Вјачеслав Гладков.

Видете и ова: Нобеловката за мир порачува: Трибунал за Путин и правда за жртвите


Авионот се урнал во ненаселена област и нема извештаи за друга штета, се вели во соопштението.

Регионот Белгород, кој се граничи со украинскиот регион Харкив, беше нападнат неколку пати од почетокот на руската инвазија на Украина.