МВР:Лажни се дојавите за бомби

Архивска фотографија - Северна Македонија - Полицијата пред гимназијата Јосип Броз во Скопје поради дојава за бомба, Скопје

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави по добиените пораки на електронски адреси со закана за наводно поставена експлозивна направа во 86 училишта, една градинка и Завод за рехабилитација во Скопје, како и едно училиште во Прилеп и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Видете и ова:

Нов оперативен тим за хибридни закани, најави Владата

Од МВР нагласуваат дека веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Дојави за поставени бомби уште во октомври почнаа да стигаат на електронските адреси прво на училишта, а потоа и на други објекти. Досега сите испратени дојави за поставени бомби, по проверките, се покажа дека се лажни.