Министерката за одбрана на Македонија, Славјанка Петровска на 22 февруари пристигна во посета на Украина. Посетата, како што соопшти Министерство за одбрана (МО), е во знак на поддршка на украинското лидерство и украинските граѓани во борбата за одбрана на својата земја и зачувување на својот суверенитет.
Петровска во Украина при средбите со претставници на официјален Киев, соопштија од МО, ќе го пренесе ставот кој Северна Македонија го имаше од самиот почеток на руската агресија, а тоа е дека Северна Македонија целосно го поддржува украинскиот суверенитет во своите меѓународно признати граници и дава поддршка на правото на Украина за самоодбрана.
„Воените дејствија, уништувањата и страдањата на украинскиот народ мора веднаш да запрат“, се наведува во соопштението од МО.
Како што е најавено, министерката Петровска во Украина лично ќе се запознае со последиците од уништување и разорување предизвикани од руската агресија, а од претставниците на официјален Киев одблиску ќе се информира за состојбата на теренот.