Речиси еден милион луѓе поднеле барање за меѓународна заштита во Европската унија (ЕУ) во 2022 година, покажуваат податоците објавени на 22 февруари. Тие покажуваат дека расте бројот на барања за азил од бегалската криза 2015-2016 година.
Агенцијата на ЕУ за азил соопшти дека минатата година биле поднесени 966.000 барања за азил во 27-те земји на ЕУ, како и во Норвешка и Швајцарија, што е за 50 отсто повеќе од 2021 година.
Во овие бројки не се вклучени повеќе од четири милиони украински бегалци на кои им беше одобрена привремена заштита во ЕУ, специјален механизам активиран за да се избегне колапс на веќе заостанатите системи за азил.
Видете и ова: Како земјите од Западен Балкан ѝ помогнаа на УкраинаСпоред европската Агенција, зголемувањето на барањата за азил се должи на тоа што се олеснија ограничувањата за патување воведени поради ковид-19, се зголемува несигурноста за храна, како и на конфликтите во многу делови од светот.
Иако повеќето баратели на азил влегуваат во ЕУ легално, главно со авиони со патни визи, некои ги преминале и копнените и поморските граници на ЕУ без дозвола, главно преку Западен Балкан и Медитеранот.