Инспектори на МААЕ во Иран решаваат нејаснотија околу нуклеарното збогатување

Шефот на Организацијата за атомска енергија на Иран Мохамад Eслами

Инспектори од Меѓународната агенција на ОН за атомска енергија (МААЕ) се во Техеран за преговори и верификација, изјави шефот на иранската нуклеарна програма Мохамaд Еслами, јави полуофицијалната новинска агенција Тасним.

„Официјални лица на Меѓународната агенција за атомска енергија се во Техеран и од вчера почнаa преговори, посети и контроли. Се решаваат нејаснотии кои ги создаде инспектор“, изјави шефот на иранската организација за атомска енергија.

Минатата недела МААЕ соопшти дека разговара со Иран за резултатите од неодамнешните активности за верификација, откако Блумберг Њуз објави дека Агенцијата открила ураниум збогатен до 84 проценти чистота, што е блиску до степен на оружје.

Видете и ова: Шефот на МААЕ укажа на важноста од дипломатските напори за иранската нуклеарна програма


Западните сили и Техеран во 2015 година постигнаа договор за ограничување на иранската нуклеарна програма. Меѓутоа поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги повлече САД од договорот во 2018 година, што го натера Техеран постепено да го прекине почитувањето на договорот.

Иран тврди дека неговата нуклеарна програма е исклучиво за мирољубиви цели.