Бајден ќе се сретне со лидерите на НАТО од источното крило

Полска - Американскиот претседател Џо Бајден држи говор пред Кралскиот замок во Варшава, 21 февруари 2023 година

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден ја завршува својата четиридневна посета на Полска и Украина.

Пред да замине од Варшава на 22 февруари, Бајден ќе разговара со лидерите на Групата Букурешт 9 (Б9).
Во оваа група членуваат земјите-членки на НАТО Естонија, Летонија, Литванија, Романија, Словачка, Унгарија, Чешка, Полска и Бугарија.

Во фокусот на разговорите се очекува да биде зајакнувањето на источното крило на НАТО, на што се обврзаа САД по почетокот на војната во Украина. Ќе се разговара и за можностите за зголемување на меѓународните бригади кои беа создадени како средство за подобрување на безбедноста во земјите во непосредна близина на Русија.

Видете и ова: Бајден од Полска: Украина никогаш нема да биде победа за Русија

Како што се одолговлекува војната во Украина, така се зголемува вознемиреноста на членките на Б9. Многумина се загрижени дека Путин би можел да преземе воена акција против нив, доколку биде успешен во Украина.