Временска прогноза – Температура до 23 степени

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 0, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.

Во Скопје сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Температура ќе достигне до 19 степени.

Видете и ова: Пролетно време во февруари

Од четврток до сабота ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен до повремено засилен јужен ветер. Промена на времето со повремени врнежи од дожд се очекува во недела и понеделник кога ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.